Четири лица, меѓу кои две малолетнички, нападнале млада девојка во светиниколско

од Nikola Popovski

Четири лица нападнале малолетничка од село Лозово, информира полицијата. Според податоците, станува збор за две малолетнички, 19 годишниот Д.Д и 21 годишниот С.Р сите од Црнилиште.

-Вчера во 18.00 часот во Полициската станица Свети Николе, 47 годишниот Н.С од село Лозово пријавил дека на 15 септември во периодот од 21.40 до 22.30 часот во неговата куќа во село Лозово, физички била нападната неговата малолетна ќерка од Д.Д и С.Р и две малолетнички, сите од село Црнилиште, светиниколско, се вели во соопштението од СВР-Штип.

За настанот бил информиран и Јавен обвинител, по чии насоки времено е одземен мобилен телефон од една малолетничка во кој се пронајдени снимки од кривично правниот настан. Надлежните од СВР-Штип посочуваат дека се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

Слични содржини