Четири месечно бебе од Кочани е позитивно на коронавирусот

од Берта Китинска

Четири месечно бебе од Кочани е позитивно на коронавирусот и во моментов е хоспитализирано на клиниката за инфективни болести, тврди за тв 24 неговата мајка – Александра Георгиева.

Мајката пак се уште ги чека резултатите од нејзините тестови за да се види дали и таа е позитивна на вирусот, иако засега вели дека нема никакви симптоми.

Според мајката, бебето откако прво било лекувано во Кочани и Штип, потоа било препратено во Детската болница Козле каде му била направена рентген снимка која покажала дека има воспаление на белите дробови и по што му направиле тест за ковид 19 кој се покажал позитивен.

„Пред три недели на почетокот имаше секрет во носот и не можеше да го исфрли, ни дадоа само инхалации да правиме, но потоа се прошири во грло, па во болницата во штип ни дадоа сумамед за лекување. Докторот ни кажа дека се проширила инфекцијата. Неговата терапија требаше да покаже резултати но не покажа. Во саботата имаше осип, а во неделата качи температура. Кога не испратија во детската болница козле му беше направена рентген снимка на која се покажа дека има воспаление на белите дробови и ни кажаа дека е позитивен на корона вирусот. Денеска на инфективната клиника резултатот го потврдија.“ – раскажува за ТВ 24 мајката Александра Георгиева.

Засега ниту менаџментот на Детската болница Козле ниту на Инфективната клиника не го потврдуваат случајот. Одговор не добиме ниту од пр службата на министерството за здравство.

Слични содржини