Четворица пациенти ја изгубија битката со Ковид-19, најмладиот има 55 години

од Берта Китинска

Во последните 24 часа како последица од Ковид 19 починаа четри пациенти.

-Во болнички услови се починати 4 лица, тројца пациенти од Скопје (55, 80 и 81г) и еден од Штип (81г), информираат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.138, бројката на оздравени пациенти е 15.068, на починати е 743, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.327.

Слични содржини