Чилеанците обвинети дека донеле ПРОСТИТУТКИ во хотел, им се заканува исфрлање од Копа Америка?!

од Stefanija Kuzmanovska

Копа Америка ја тресе сериозен скандал!

Чилеанската репрезентација наводно донела проститутки во хотелот и со тоа ги прекршила протоколите за корона.

Артуро Видал, Гери Медел, Пабло Арангуиз, Едуардо Варгас, Жан Менезес, Гилермо Марипан и Пабло Галдамес направија забава и донесоа проститутки во хотелот.

Техничкиот директор на Чиле, Мартин Лазарте одлучи да поднесе оставка поради инцидентот.

Фудбалерите кои учествуваа во овој скандал ќе бидат строго казнети, а се шпекулира дека Чиле би можел да биде исфрлен од турнирот поради срамното кршење на протоколот во „меурот“.

Скандалот се случил пред мечот со Боливија, кој Чиле го доби со 1:0.

Слични содржини