Член на СБ на Турција: Две држави не сакаат да се сретнат Путин и Зеленски, тие сакаат војна

од Stefanija Kuzmanovska

САД и Велика Британија се обидуваат што повеќе да го пролонгираат руско-украинскиот конфликт, вели членот на Советот за безбедност и надворешни работи на Турција, Чагри Ерхан.

Според него, тие две земји се противат на напорите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да организира средба меѓу лидерите на Русија и Украина, Владимир Путин и Владимир Зеленски.

„Тие (САД и Велика Британија) не сакаат Зеленски и Путин да се сретнат со Ердоган, не сакаат нивна заедничка фотографија, туку се залагаат за најдолга можна војна, не размислуваат за иднината на Украинците, тие не размислуваат за мир“, изјави Ерхан, пренесе РИА Новости.

Претставникот на Анкара смета дека само турскиот претседател може да организира мировни преговори.

„Само Ердоган има пристап и до Путин и до Зеленски. Мислам дека може да најде начин да ја организира нивната средба. Не е важно да се има заедничка фотографија, туку да се постигнат конкретни резултати. А првиот конкретен резултат ќе биде, се разбира, прекин на огнот. После тоа ќе уследат дипломатски разговори и постигнување компромис“, изјави Ерхан.

Слични содржини