Чулев: Јанкуловска е исклучително чесна и одговорна личност

од Nikola Popovski

Поранешниот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев се огласи на социјалните мржеи по повод двата случаи кои вчера беа актуелни во медиумите.

Според него, постои заплашување, сеење страв, политички реваншизам и освета.

„Првиот е поврзан со ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска / Gordana Jankuloska, која лично ја познавам и со која сум имал извонредна соработка. Мојот впечаток и впечатокот на колегите со кои сум разговарал во Министерството за внатрешни работи е дека станува збор за исклучително чесна и одговорна личност, која во своето работење постапувала исклучиво во согласност со законите. Тие велат дека Гордана Јанкулоска е министер кој максимално посветено и одговорно го водел МВР. И во таа насока конретниот судски случај и денешната одлука е уште една форма на политички притисок насочена кон заплашување на вработени и поранешни функционери во Министерството за внатрешни работи. Давам силна и искрена поддршка за Гордана Јанкуловска да истрае во овие моменти и уверен сум дека ќе дојде време кога вистината за нејзината работа ќе излезе на виделина.

Вториот случај е со дисциплинската постапка и отказот против поранешнит советник во мојот кабинет, Зоран Ѓорѓевски – Чикаш. И покрај тоа што за него од моја страна за направениот пропуст беше спроведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и беше строго казнет, истата беше поништена и во нова крајно политизирана постапка, актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски прави преседан и носи одлука за прекинување на работниот однос. Класично политизиран случај за кој сум сигурен дека судската разрешница ќе покаже дека во овој, како и во многу други случаи раководството на Министерството за внатрешни работи постапило спротивно на законските прописи. Како човек во чиј тим бил и Зоран Ѓорѓевски, стојам позади него. Воедно, ги охрабрувам сите вработени кои се соочени со вакви или слични притисоци своите права да ги побараат пред надлежните комисии и правосудни органи“, напиша Чулев.

Тој потенцира дека Министерството за внатрешни работи мора да се профилира во професионална институција во која се почитуваат правните акти и ќе владее правото и правдата и мерит системот, а вработените ќе бидат ослободени од политичките притисоци.

Слични содржини