Чулев ќе изврши смена на 15 раководители на клучни сектори во МВР

од Ивана Рамаданова

Вкупно 12 раководители на оддели и единици во составот на МВР ќе бдат сменети од страна на новиот министер Наќе Чулев. Тоа би значело дека сите 8 сектори за внатрешни работи ќе добијат нови началници, а досегашните началници ќе станат дополнителни како што предвидуваат правилата за МВР со договорот за техничка влада.

Според Членот 44 во Законот за Владата предвидува смена до 15 кадри на раководни позиции во министерството што ќе го води, кои ќе имаат мандат сè додека не се потврдат официјалните резултати од изборите.

Покрај овие смени министерот за внатрешни работи може да изврши и хоризонтални распоредувања на вработените кои се на негов предлог во бројката до 10 проценти од бројот на хоризонтални распоредувања базирани на просекот на овие распоредувања во 2013 и 2014 година.

Нов началник ќе биде назначен и на Oдделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поради како што тврди техничкиот министер зголемениот број на информации и сомнежи за сериозни кривични дела кои до сега не биле пријавувани затоа што постоел страв и недоверба кај пријавувачите.

Новите имиња во клучните сектори и тела во Министерството за внатрешни работи, ќе раководат сè до предвремените парламентарни избори на 12 – ти април.

Како нов началник на СВР Скопје се спомнува еден од советниците на екс министерката Гордана Јанкуловска. Конечниот список се очекува да биде соопштен наскоро, а владата ќе треба да донесе нова систематизација за да ги предвиди и дополнителни началници во раководењето со секторите и одделите на МВР што ќе ја претрпат смената од Чулев.

Како за потсетување, крајот на 2015 и почетокот на 2016 година, тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски направи смени на началниците во пет Сектори за внатрешни работи.

Тогаш министерот Спасовски изјави дека промени беа направени заради тоа што сметал дека има сериозни пропусти.

“Не може да се толерира упадот во УКИМ, не може да се толерираат истрагите кои на некој начин биле во застој за нападот врз новинарите, нема да се толерираат однесувањата на некои началници кои ги повикувале луѓето да се приклучат кон една политичка опција на штета на друга и некои други активности“, изјави Спасовски.

Сменети беа Ивица Вучевски, началник на СВР Скопје, Методија Атанасовски, началник на СВР Битола, Моме Јакимовски, началник на СВР Куманово, Петре Игнов, началник на СВР Велес и Оливер Ефтимов, началник на СВР Охрид.

 

 

 

Слични содржини