Чулев: Не се точни обвинувањата на НСП за набавката на ремените

од Берта Китинска

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев изјави дека не се точни обвинувањата од Независниот синдикат на полицијата дека МВР набавуа 600 ремени за 300.000 евра.

„ Ги повикувам сите медиуми и граѓани да проверат, сите набавки се јавни. Се работи за потреба која е дискутирана на координативното тело со оглед дека со уредба на Владата се скрати приправничкиот стаж заради потребата од зголемен обем на работа за речиси 600 приправници. Имаме недостиг од опрема, вклучително и ремени, така што оваа потреба е дискутирана на координативното тело и е одобрена. Во однос на висината, јас ги охрабрувам медиумите, тоа е јавна информација, ќе ви ја доставиме тогаш кога ќе биде побарана од нас“, рече министерот Чулев.

Информацијата е од јавен карактер, а одлуката за набавката ја донело и одобрило координативно тело. Ремените се наменети за приправници чиј приправнички стаж е скратен поради потребата од зголемен број полицајци за време на кризата.

Слични содржини