Чулев оствари близок контакт со странски државјани на скопскиот аеродром, ќе оди ли во самоизолација?

од Vladimir Zorba

Со оглед на тоа што министерот Наќе Чулев денеска оствари средба и близок контакт со странски државјани на скопскиот аеродром, дали ги прекрши здравствените протоколи за спречување на ширењето на корона вирусот и дали тој сега можеби треба да преземе мерки за самоизолација?

Тоа е прашањето што Фронтлајн му го постави на Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција во 17 часот.

Министерот ја искористи можноста да се заблагодари за помошта од Република Словенија, како и да ја информира јавноста дека денеска е потпишан договор за значајно голема помош и од Европска Унија во вредност од четири милиони евра за надградување на капацитетите во смисла на опрема и материјали за борба против корона вирусот. Во врска со прашањето, министерот Филипче изјави:

„Видов само некои слики од аеродромот. За сите важи истиот протокол. Но, дозволете да видиме за што станува збор, па ќе дадеме информации.“

Протоколот важи за сите. Дали Чулев ќе оди во самоизолација, ќе видиме, веројатно, уште утре.

Слични содржини