Д-р Беќаровски: Лицата кои ја прележале короната може да бидат преносители на вирусот

од Берта Китинска

Доктор Нико Беќаровски, научен советник и раководител на интензивна нега на Универзитетската клиника за токсикологија преку својот Фејсбук профил им одговри на пацинетите кои го прашуваат дали и покрај тоа што  го прележале Covid-19, и се во контакт со позитивно лице може да го пренесуваат вирусот.

-Многумина прележани од Covid-19 ми го поставија следново прашање :”Дали може по контакт со заболен, прележаните од Covid-19 со формиран имунитет, да го пренесуваат вирусот??”

Почитувани мои, создадениот имунитет Ве заштитува Вас при нов контакт со Sars-Cov-2 вирусите Вашиот организам да се избори со вирусот, ама не претставува влезна рампа на Вашиот нос. Со други зборови, ако влезете во соба преполна со вируси и престојувате таму подолго време, Вие со дишењето ќе внесете голема количина од вирусот во Вашиот нос и ако потоа веднаш излезете и се дружите со некој кој не прележал ќе може да го заразите.

ТОКМУ ЗАТОА и по прележувањето можете да бидете трансмитер, иако Вие нема да заболите.

Затоа, со цел да ја заштите Вашата околина се препорачува придржување кон мерките за физичка дистанца и по прележувањето на болеста, напиша Беќаровски.

Слични содржини