Да се чува куче не е само да се фалиш, пожелно е да зачистиш по него

од Берта Китинска

Големите количества измет по парковите, кои деновиве може сите да го забележат, укажуваат дека многу граѓани сѐ уште немаат правилен однос кон обврската да се грижат за својот миленик.

Сопствениците на домашните миленици се должни да го соберат отпадот што го прават милениците. Ова е казниво во согласност со Законот за јавна чистота, каде што е предвидена казна од 50 евра.

Според законот, покрај собирањето на изметот, предвидени се и низа други мерки до кои треба да се придржуваат сопствениците на домашни миленици, како што се носење маска, шетање со поводник, пријавување на милениците во ветеринарните амбуланти еднаш годишно и слично.

Носењето сигурносни маски и поводници е пропишано со одлуката за комунален ред и, во согласност со овој акт, не се обврзани сите раси кучиња да носат маски, туку само поопасните раси и кучињата што покажуваат извесен степен на агресивност.

Слични содржини