Дали користевте Фејсбук помеѓу 2007 и 2022 година? Можеби ви должат пари

од Stefanija Kuzmanovska

Можеби имате право на дел од 725 милиони долари, или 660 милиони евра, спогодба која „Мета“ се согласи да ја плати во колективната тужба.

Квалификувани корисници се оние кои имале профил на Фејсбук од 24 мај 2007 година до 22 декември 2022 година, а тие лица мора да се пријават до 25 август 2023 година. Во тужбата, во која „Мета“ се изјасни дека не е виновна, се наведува дека „Фејсбук“ без дозвола на трети лица им давал кориснички податоци и информации за пријателите на корисниците.

Сето ова произлегува од скандалот „Кембриџ Аналитика“ од 2018 година, во кој се тврди дека компанијата злоупотребила податоци од десетици милиони Фејсбук профили дозволувајќи им пристап на трети лица, пишува „Дејли Мејл“.

„Кембриџ Аналитика“ претходно тврдеше дека собрала податоци од само околу 30 милиони профили на Фејсбук, но според новите информации се чини дека собрала лични податоци од дури 87 милиони корисници на Фејсбук.

„Фејсбук наводно знаел за несоодветното собирање податоци на Кембриџ Аналитика од 2015 година и не презел ништо за да ја запре активноста или да ги извести корисниците до март 2018 година“, соопшти адвокатската канцеларија.

Судијата ја одобри спогодбата

Во тужбата се наведува дека „Фејсбук“ не успеал соодветно да ги заштити корисничките содржини и информации од злоупотреба или неовластен пристап.

Ова им овозможи на апликациите од трети страни да „соберат и продаваат пристап до приватните информации на корисниците на Фејсбук, вклучително и кон политичко-консултантската фирма Кембриџ Аналитика, без знаење или согласност на корисниците“, се наведува во тужбата.

Федерален судија во Калифорнија минатиот месец одобри спогодба од 725 милиони долари со „Мета“.

Слични содржини