Дане Талески ќе биде предлогот на Владата за нов амбасадор на земјава во седиштето на НАТО

од Vladimir Zorba

Дане Талески е предлог за амбасадор на Северна Македонија во НАТО, потврди премиерот Зоран Заев.

За името на актуелниот советник на премиерот се согласиле и министерот за надворешни работи, Никола Димитров и претседателот Стево Пендаровски.

Имињата на останатите кандидати за амбасадори, кои ќе бидат предложени на наредната владина седница премиерот не сакаше да ги коментира, велејќи дека ќе бидат објавени веднаш откако ќе падне одлуката на седницата на владата.

А.Т.

Слични содржини