Дарко Лазиќ откри зошто е запален гробот на неговиот татко

од Nikola Popovski

Српскиот турбо-фолк пејач Дарко Лазиќ проговори откако беше запален гробот на неговиот татко Милан Лазиќ, кој почина во декември минатата година.

Гробното место на гробиштата во Брестач било речиси целосно изгорено. Пожарот ја уништил рамката со вештачка трева, но и долниот дел од надгробниот крст, додека венците што стоеле таму од декември, кога бил погребан Милан, не биле засегнати од огнот.

Пејачот сега вели дека пожарот избувнал кога неговата баба запалила свеќа покрај гробот.

– Баба ми запали свеќа и ја остави да гори, а бидејќи е вештачка трева, веднаш се појави мал оган – рекол Лазиќ за српските медиуми.

Да потсетиме, Милан Лазиќ почина во декември 2020 година, по компликациите што следуваа по операцијата за намалување на желудникот. Дел од српската јавност шпекулираше дека неговиот гроб бил запален поради што Дарко Лазиќ имал неподмирени лихварски долгови.

Слични содржини