Даштевски: Јас сум најнепартиски човек кој е на чело на ДИК

Во рамки на свечената изјава во Собранието, претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, зборуваше во името на целиот состав.

„Помина уште еден чин кој беше потребен да се формира комисијата. Со колегите се договоривме од понеделник да одиме во ДИК и да видиме каква е состојбата, па оттаму да знаеме кои ќе бидат нашите приоритети“, истакна Даштевски

На новинарско прашање, дали Даштевски е поставен на оваа функција како награда за помагањето во азилот на Груевски, тој отсечно одговори негативно, додаде и дека:

„Изборот е по предлог на партија до време на избирање, па сега можам да кажам дека јас сум најнепартиски човек кој ќе го раководи ДИК. Ако дојде до процес на законски измени, ние можеме само да помогнеме. Ние нема да го коментираме пописот, тоа не е во доменот на нашите надлежности“, истакна Даштевски.

Слични содржини