„Дејли мирор“: Јунајтед му наредил на Зидан да ги одбива сите понуди и да чека смена на Мурињо

од desk2

Манчестер Јунајтед го контактирал Зинедин Зидан и му наредил да ги одбива сите потенцијални понуди ако сака да го наследи Жозе Мурињо, тврди британски „Дејли мирор“, познат како медиум наклонет кон сензационалистички вести.

Одлуката за смена на Мурињо, како што пишува „Дејли мирор“, веќе е донесена. Во прашање се месеци, а можеби и недели до крајот на неговата кариера во клубот.

Весникот не сака да ги открие своите доверливи извори, но тврди дека управата на Јунајтед му наредила на Французинот да ги одбива потенцијалните понуди и да чека разрешување на Мурињо од тренерските обврски, бидејќи едногласно бил избран за негов наследник.

Слични содржини