Делегација на СПЦ предводена од српскиот патријарх г. г. Порфириј ќе ја посети МПЦ-ОА

од Берта Китинска

Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај 2022 година, во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе престојува делегација на Српската Православна Црква предводена од Неговата Светост, се вели во соопштението на МПЦ-ОА.

Од МПЦ -ОА додаваат и дека на 24 мај, Патријархот г.г. Порфириј и Архиепископот г.г. Стеган ќе одржат заедничка литургија.

„На 24 мај, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Неговата Светост Српскиот Патријарх г. г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински Цркви, ќе служат Божествена Литургија“,се додава во соопштението.

Слични содржини