Денеска ТВ дуел меѓу Заев и Мицкоски

од desk2

Премиерот на Македонија Зоран Заев денеска ќе излезе на телевизиски дуел со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тоа ќе биде, по скоро две децении, прво телевизиско соочување на лидерите на најголемата владејачка партија СДСМ и најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Во минатата недела дуелот го побара Мицкоски, што веднаш беше прифатено од Заев.

Дуелот ќе се одржи на националната телевизија Македонска телевизија со почеток во 20 часот, а има работен наслов „Една година на власт, една година во опозиција“.

Слични содржини