Десетина илјади Британци досега примиле вакцина против Ковид-19

од Vladimir Zorba

Десетина илјади Британци досега ја примија првата доза на вакцината Фајзер и БајоНТек против коронавирус, објави министерот за здравство Мет Хенкок.

„До денес, започнавме вакцинирање во 73 болници низ Велика Британија и вакцинирани се десетина илјади луѓе“, рече Ханкок на прес-конференција.

Маргарет Кинан, 90-годишна Британка, во вторникот стана првата личност во светот што ја примила одобрената вакцина како обичен граѓанин, а не учесник во клиничките испитувања, а Британија со тоа стана првата западна земја што започна со вакцинирање на населението

Вакцината на Фајзер и БајоНТек се дава во два наврати, така што оние кои веќе биле вакцинирани ќе чекаат три недели за втората доза.

Од почетокот на пандемијата што однесе 1,5 милиони животи во Велика Британија, според Ројтерс, имало 1,78 милиони заразени, со 63 илјади смртни случаи, што ја прави најпогодена европска земја според вкупниот број на смртни случаи.

Велика Британија, земја со 67 милиони жители, нарача вакцини за 20 милиони луѓе.

Слични содржини