Деценија од смртта на Киро Глигоров

од Nikola Popovski

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров. Претседателот на државата Стево Пендаровски и делегација на Собранието на Градските гробишта – Бутел денеска ќе положат цвеќе на гробот на Глигоров, по повод 10 – годишнината од неговото упокојување.

Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на 94-годишна возраст.

Беше најстариот македонски политички функционер. На 17 ноември 1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот.

Во 1991 година ја предводеше Македонија која по мирен пат се осамостои од дотогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија во која Глигоров извршуваше високи државни функции. На 8 април 1993 година Глигоров првпат се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации кога Република Македонија стана 181. членка на ОН.

На 3 октомври 1995 година преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата Македонија во непосредна близина на хотелот „Бристол”.

Слични содржини