Џејми Ли Кертис откри неверојатна информација за нејзината најмлада ќерка

од Stefanija Kuzmanovska

Во интервју за списанието ААРП, славната холивудска ѕвезда Џејми Ли Кертис откри дека нејзиното најмладо дете е транс.

„Јас и мојот сопруг гледавме како нашиот син стана транс жена и стана Руби“, изјави Кертис за медиумите.

Реакцијата на родителите била поддржувачка – згора на тоа, сега 25-годишната Руби подготвува свадба со својот вереник, а во тоа ќе ѝ помогне нејзината мајка!

Кертис никогаш порано не зборувала за нејзината транс ќерка.

Џејми Ли Кертис е позната со години како еден од најголемите сојузници на ЛГБТ + заедницата меѓу холивудските ѕвезди.

Слични содржини