Џорџ и Амал Клуни донираа 100.000 долари на либански здруженија

од Vladimir Zorba

Џорџ и Амал Клуни донирале 100.000 американски долари на либанските добротворни здруженија по смртоносната експлозија во која загинаа 135 и беа повредени 5.000 луѓе во Бејрут, каде е родена Амал, објави денеска „Дејли мејл“.

„Ние сме длабоко загрижени за луѓето во Бејрут и за уништувањето со кои се соочија последниве денови. Три хуманитарни организации кои обезбедуваат итна помош на терен: Либанскиот Црвен крст, „Impact Lebanon“ и „Baytna Baytak“, соопшти славната двојка.

Освојувачот на Оскар, Клуни (59) и Амал (42), адвокат за човекови права, додадоа дека тие „ќе донираат 100 000 долари на овие организации и се надевам дека другите ќе помогнат на секој можен начин“.

Амал е родена во Бејрут каде што живеела до две години кога се преселила со семејството заради граѓанската војна. Таа порасна во Англија и студирала на Оксфорд.

Други познати личности, како Селма Хајек, Наоми Кембел, Аријана Гранде, Кејт Хадсон и Хајди Клум, исто така, најавија помош за жртвите од катастрофалната експлозија, се наведува во весникот.

Слични содржини