Џуди Денч: Мојот живот е дрвја и шампањ

од Vladimir Zorba

Британската актерка Џуди Денч призна дека ја претворила градината во спомен на своите починати сакани. Ѕвездата, чиј сопруг Мајкл Вилијамс почина во 2001 година, откри дека сади дрво во спомен на секој сакан  човек кого го загубила.

“Изгледа ќе ја претворам мојата градина од 6 хектари во тајна шума и ќе ги гледам дрвјата како семејство. Мојот живот е само дрвца во моментов. Дрвја и Шампањ “, признава во документарец посветен на нејзината кариера на Би-Би-Си.

“Почнав да засадувам дрвца со мојот сопруг Мајкл Вилијамс. Секогаш кога некоја роднина или пријател умираше, садевме дрво “, вели таа.

За актерката, ова е начин да се испочитуваат нивните најблиски, бидејќи преку дрвјата сеќавањето за нив останува со времето.

“Сеќавањето што останува и расте сè повеќе и повеќе  е прекрасно”, објаснува таа.

Актерката, исто така откри дека во текот на година се учела од шефот на Кралската ботаничка градина Тони Кркман за да научи повеќе за животниот циклус на дрвјата и за начинот на кој тие комуницираат преку подземната мрежа од корени.

“Постои огромна мрежа под нашите нозе. Тие не само што можат да испраќаат пораки, туку и да споделуваат храна и вода меѓусебно “, рече актерката. Таа исто така призна дека кога таа сади дрво во спомен на својот сосед, таа секогаш се надева дека ќе стане дел од заедницата.

Слични содржини