Димитров: ЕУ ќе биде посилна со соработката на З.Балкан и Јадранско-јонскиот макро-регион

Европската Унија ќе биде посилна кога би постоел посилен и поотпорен Западен Балан, исто толку силен Јадранско-јонски макро-регион, додека пак, блиската соработка ќе има улога на катализатор во овие процеси, посочи во рамки на Петтиот форум на Европската стратегија за Јадранско-јонскиот регион на тема „Зајакнување на опоравување на Јадранскиот и Јонскиот регион преку соработка“, вицепремиерот задолжен за европски прашања на С.Македонија, Никола Димитров.

„На патот кон ЕУ, Северна Македонија е особено посветена на регионалната соработка со земјите од Западен Балкан. Патот на соработка не е само мудар избор. Тоа е единствениот правилен избор за земјите од регионот и пошироко во борбата против пандемијата и во нашите напори да ја зајакнеме отпорноста на секој сектор погоден од Ковид-19“, посочи Димитров.

Меѓудругото, Димитров потенцираше и на финансиската помош од ЕУ во остварувањето на целите на за справување со корона вирусот.

„Инструментите и механизмите за финансиска поддршка од ЕУ за справување со последиците од пандемијата во вредност од 3,3 милијарди евра за поддршка на регионот веќе даваат позитивен ефект како резултат на намалувањето на притисоците на националните буџети“, истакна тој.

Додава и дека во следните седум години очекуваме проширена и подобро таргетирана поддршка во рамките на ИПА III, а особено преку приоритетите на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан, како и приоритетите на Јадранско-Јонската стратегија со предвидените девет милијарди евра за стимулирање на долгорочното економско закрепнување на регионот, зајакната поврзаност, зелена и дигитална транзиција, човечки капитал, конкурентност и инклузивен раст, зајакнување на регионалната интеграција и конвергенција со ЕУ, кои треба да придонесат за зајакнување на регионот.

За потсетување, С.Македонија стана дел од Европската стратегија за Јадранско-Јонскиот регион во април 2020 година.

Слични содржини