Димитров: Македонската култура треба да блеска со иновација, да биде прогресивна и автентична

од Берта Китинска

Отворена и многу суштинска средба со луѓе од културата, каде повеќе слушав одошто зборував. Во културата можеме, но и мораме и подобро и повеќе, напиша министерот за надворешни работи Никола Димитров на својот Фејсбук профил по средбата со културните работници.

Тој додаде дека за да ја зачуваме културата, треба да продолжиме да ја создаваме.

„Македонската култура треба да блеска со иновација. Да ги следи европските трендови, да се трка со нив, но и да создава трендови. Да биде прогресивна и автентична. Основните обележја на културата треба да бидат прогресот, слободата на творењето и квалитетот. Преку историскиот успех на филмот Медена земја, видовме дека културата во земјава може да создава трендови и да биде на врвот.Визијата за ваква прогресивна култура ја воспоставивме со Националната стратегија усвоена во Собранието како неспорен скок напред во споредба со наследената вулгаризација на културата. По многу години, конечно се донесе Колективниот договор меѓу Синдикатот и Владата, што внесува ред и систем во правата и обврските на културните работници, значително покачувајќи ги платите.Во следниот мандат, ќе се посветиме на доследно спроведување на Националната стратегија за развој на културата што претпоставува што е можно повеќе средства, подобра организација и подигнување на културата повисоко меѓу приоритетите на државата. Поддршката на независната сцена, вклучување на креативноста на младите и културната соработка со Европа се исто така клучни, напиша Димитров.

Слични содржини