Димитров: С.Македонија по 15 години во чекалната конечно го поминува прагот

од Берта Китинска

Во ова заедничко „време невреме“ би сакале сепак да пренесеме добри вести за македонските граѓани. Советот за општи работи на ниво на министрите за европски прашања на ЕУ, денес даде политичка согласност за предлог заклучоците кои се многу позитивни и охрабрувачки за нас, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров.

-И покрај вонредните околности предизвикани од ситуацијата со коронавирусот, особено цениме што ЕУ најде време и волја веродостојно да оддаде признание за досега сработеното.Северна Македонија по 15 години во чекалната како кандидат и по разочарувањата во јуни 2018, јуни 2019 и октомври 2019 година, конечно го поминува прагот и ќе може да ја започне следната заслужена фаза од својот европски пат. Северна Македонија конечно и безусловно ги започнува преговорите за членство во Европската Унија! Советот недвосмислено ќе потврди дека остваривме опипливи и одржливи реформски резултати во однос на реформите, изјави Димитров.

Слични содржини