Димитров се заблагодари за помошта од Турција

од Vladimir Zorba

„Благодарност до пријателска и сојузничка Република Турција за помошта за справување со пандемијата (заштитни маски, заштитни одела и тестови), за честитките за членството во НАТО и одлуката за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ, како и за желбите за спокој и здравје!“, порача министерот за надворешни работи, Никола Димитров по помошта која пристигна денес на скопскиот аеродром.

Порака од Претседателот Ердоган низ зборовите на безвременскиот Руми: „Има надеж по очајот и многу сонца по темнината“., додава тој уатувајќи благодарност и на турски јазик: „Türkiye dostlarımız, teşekkür ederiz!“ (Ви благодарам, наши пријатели)

Слични содржини