Димитров: Започна новиот увид на автопатот Струма за несреќата со автобусот на Беса транс

од Vladimir Zorba

Николај Димитров, адвокатот на дел од семесјтавата на загинатите и повредените патници од автобуската несреќа на Беса транс на автопатот Струма во Бугарија, за дописникот на МИА од Софија изјави дека увидот на теренот е веќе започнат.

Експертскиот тим го започнал увидот на три километри од автобуската несреќа и целта е да покаже дали има причинско-последични околности кои довеле до несреќата. Се проверува површината на коловозот, знаците, ознаките и сите други елементи кои можат да дадат одговор на прашањето како точно се случила несреќата.

Адвокатот коментира дека увидот ќе покаже што недостигало на овој дел од автопатот Струма и дали токму тој недостаток е главната причина за несреќата.

Димитров посочува и дека семејствата на неговите клиенти јасно прашуваат дали е виновен само загинатиот возач или има друга околност што довела до страшната несреќа.Тие го поставуваат и прашањето што се случило со личните работи и багажот на починатите, како и со златни вредни предмети и украси кои ги имале на себе, но не биле регистрирани од бугарските власти и никој не им ги вратил.

Слични содржини