Димитровски: СДСМ сериозно навлезе во албанскиот електорат, зеде голем дел од гласачите на ДУИ

од Viktor Jovanov

СДСМ од минатите избори сериозно навлезе во албанскиот електорат. Тоа се случи со концептот едно општество за сите. Тој концепт беше повеќе спроведуван поради разочарувањето на гласачкото тело на ДУИ и обидот да се најде друга политичка алнтернатива, албанските граѓани гласаа за СДСМ. Тоа ДУИ го сметаа сериозно налвегување во нивниот двор, вели новинарот Зоран Димитровски.

-Исто така сериозно што ги наруши односите помеѓу СДСМ и ДУИ се оние бомби од Ел Чека. Беа објавувани сериозни приватни разговори кои ги нарушија односите. Постоеа сомневања дека тие материјали ги имаат високи челници на СДСМ кои ги користат да удрат по политички фигури на ДУИ, вели Димитровски.

Тој смета дека ДУИ сега го гледа само својот интерес и дека ќе играат и на национална карта. Димитровски вели дека Законот за јазиците ќе биде употребуван од страна на ДУИ и во предизборната кампања, а се очекува истото да го направи и ВМРО-ДПМНЕ, но од друг агол.

-Факт е дека законот за јазиите е продукт на политички договор и во повеќе елементи се надминуваат oние линии за правата на малцинсствата. Но сега е тој предизборен момент и законот ќе биде употребуван или злоупотребуван зависи од која страна се гледа.ДУИ вели дека нема да дозволат никакво чепкање на тој закон , тоа би било удар за нив, но ВМРО-ДПМНЕ исто така би го употребиле само од друг агол бидејќи една европска институција има забелешки на Законот. Двете партии ќе ја добиваат на национална основа во однос на овој Закон, а најголем губитник ќе биде СДСМ бидејќи лошо го изменаџира сето ова, вели Димитровски.

Слични содржини