Директорот на ЈП „Паркинзи“, Кичевски позитивен на коронавирус

од Берта Китинска

Директорот на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје, Васко Кичевски на својот Фејсбук профил пишува дека и покрај строгото почитување на мерките, утрово добил позитивен резултат за коронавирус.

„Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, утрово добив позитивен резултат за Ковид 19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во опасност“, додава Кичевски.

Слични содржини