Австриецот Џозеф Фритцл кој отслужува доживотна затворска казна откако 24 години ја држел својата ќерка затворена во подрумот на семејната куќа, ја силувал и со неа добил седум деца, дал интервју за британскиот весник „Сан“.
Во бизарното и често некохерентно интервју, пишува „Сан“, Фритцл рекол дека сака да доживее 130 години, зборувал за тоа што јаде во затвор, а рекол и дека сака да се смири со сопругата која се развела од него откако излегоа на виделина неговите монструозни дела. Поради некоја причина, тој постојано велел дека се во брак, иако разводот се случил пред повеќе од 11 години.
„Сакам да ја искусам слободата“
И иако до крајот на животот ќе биде зад решетки, сепак изјави дека се надева „еден ден ќе ја доживее слободата“.
„Ги разбирам луѓето кои сакаат да умрам во затвор. Но, сакам да ја искусам слободата еден ден. Никогаш не се плашев од смртта“, рече тој.
Преку изјавата што ја дал преку својата адвокатка Астрид Вагнер, рекол дека „дефинитивно верува дека повторно ќе се види со семејството“.
„Навистина, навистина ми недостига моето семејство. Цело време мислам на нив, би сакал да ги видам моите внуци. Сигурен сум дека повторно ќе се собереме и мислам дека ќе ми простат за тоа што го направив“, рече тој, а исто така рече дека му е „крајно жал“ за тоа што го направил и дека жали поради своите злосторства.
Конечно, тој рече дека го гледал неодамнешното крунисување на кралот Чарлс и мислел дека е одлично. Тој исто така истакнал дека е голем обожавател на Чарлс и монархист.