Домашно куче усмрти дете во Скопје

од Nikola Popovski

Домашно куче усмртило малолетно дете во скопската населба Пинтија, информираат од МВР.

Според полицијата, на 11.04 во 18:25часот од ГОБ „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г.

-Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Слични содржини