Дончев на распит во станица поради снимката со парите

од Nikola Popovski

Екс директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев бил повикан во полициска станица во Скопје за да даде изјава поврзана со снимките на кои се гледа како добива пари, потврдуваат извори за Локално.

Дончев бил повикан од страна на Оделот за сузбивање на организиран криминал и корупција во МВР, а поканата била денеска тој да дојде во 16 часот во полициската станица Карпош на распит со инспектори од одделот.

По половина час разговор, си заминал од полициската станица, потврдуваат нашите извори.

Дончев претходно си даде оставка од директорската позиција во ФЗО.

Слични содржини