Државниот архив потпиша меморандум за соработка со Народна банка

од Nikola Popovski

Државниот архив и Народната банка на Република Северна Македонија потпишаа меморандум за соработка. Целта на овој меморандум е да се зацврсти и да се прошири меѓусебната соработка, во областа на истражувањето, собирањето, обработувањето, евидентирањето, чувањето и промовирањето на архивскиот материјал значаен за централнобанкарската историја, за финансиските состојби, за развојот на банкарството и економијата на нашата земја.

Соработката ќе се реализира преку истражување и дигитализација на архивски материјали кои се однесуваат на банките и банкарските организации, значајни за стопанскиот и економскиот развој на Република Северна Македонија, заедничко организирање изложби и други активности од научнoистражувачката и едукативната област, издавање заеднички публикации и книги во издание на страните потписнички, како и заедничко организирање и реализација на научноистражувачка работа во архивски институции во странство, заради лоцирање, евидентирање и дигитализирање на архивскиот материјал значаен за нашиот стопански и економски развој.

Овој меморандум го потпишаа директорот на Државниот архив д-р Емил Крстески и гувернерката на Народна банка на Република Северна Македонија д-р Анита Ангеловска Бежоска.

Слични содржини