Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

од desk2

Министерството за труд и социјална политика денеска соошти дека 25 мај – Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Духовден е прогласен за неработен ден согласно Законот за празници на Република Македонија.

Наредната недела следи продолжен викенд. Неработен ден е 24. Мај, (четврток) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители.

Не се работи ни за Националниот ден на Власите, 23 Мај. Тогаш одмараат Власите.

Слични содржини