ДУИ: Честитки до сите православни верници, одлуката на Цариград ги зајакнува темелите на стабилноста

од Nikola Popovski

ДУИ ја поздрави одлуката на Вселенската Патријаршија за признавање на МПЦ-ОА за канонска.

-Во оваа прилика им изразуваме искрени честитки на сите православни верници во нашата земја за оваа долгоочекувана одлука, која им дава еднаков статус на верска проповед со сите православни верници во светот. Од исклучително значење за иднината на државата е што се решава уште еден повеќегодишен спор. Оваа одлука ги зајакнува темелите на стабилноста во регионот и ги афирмира вредностите на меѓуверска почит и толеранција, велат од партијата.

Од партијата појаснуваат дека хоризонтот на помирување меѓу народите е отворен и на овој пат кој цели кон заедничката европска иднина на целиот регион мора да се продолжи со носење на храбри одлуки и да преовладува рационалноста над штетните изолирачки недоразбирања.

Одлуката на Вселенската патријаршија да ја признае Македонската православна црква не го реши конечниот статус и името на црквата, туку беше направен најважниот и најголемиот чекор.

Со оваа одлука, МПЦ влегува во православното семејство на сите помесни цркви.

Слични содржини