ДУИ: Опозициските партии се егзекутори на европската перспектива на Македонија

од Nikola Popovski

Од ДУИ соопштуваат дека наводното опозициско мнозинство од 61 пратеник во состав Левица, Алијанса, Беса, ВМРО и Алтернатива ги загрижи нашите граѓани, но и регионот и нашите сојузници во Брисел и Вашингтон.

Според нив, „оваа група на егзекутори на европската и евроатлантската перспектива на Македонија сериозно го наруши имиџот на нашата земја и институционалната стабилност, но и кредибилитетот на интегративниот процес“.

-Авантурата на кумовите на коалицијата Левица, Села и Таравари заедно со Касами и Хоџа ги урива темелите на политичкото организирање на Албанците и нивните аспирации за еднаквост и интеграција.

Длабокиот пораз на локалните избори на сите овие партии заедно им го замати разумот обединувајќи ги да го поразат ДУИ, но уште полошо, да ја уништат европската иднина, меѓуетничките и меѓусоседските односи како и сите достигнувања на Охридскиот Договор, соопштуваат од партијата со седиште во Мала Речица.

Слични содржини