ДУИ со осуда: Општина Бутел провоцира со оспорувањето само на албанските имиња на улиците

од Nikola Popovski

ДУИ остро реагира на, како што велат, шовинистичката и авантуристичка политика на ВМРО-ДПМНЕ, која во отсуство на понуда за подобар живот на сите граѓани, стравувајќи од кривично гонење за тековните криминали на своите функционери и жедна за власт, сериозно го предизвикува соживотот, толеранцијата и меѓуетничката хармонија во земјата.

-Неодамнешната одлука на општина Бутел да ги оспори само албанските имиња на улиците на оваа мултиетничка општина во Скопје е уште една провокација која заслужува остра осуда од сите. Меѓуетничкиот соживот, функционалната мултиетничка демократија се основните вредности на нашата заедничка држава и само политичките кусогледи и противниците на европската иднина можат да сметаат дека оспорувањето на овие вредности за изборни или националистички цели може да помине и да даде некакви резултати за нив. Демократската унија за интеграција останува да биде чувар и главен промотор на соживотот, толеранцијата и можноста за слободно изразување на идентитетот и културните вредности на сите заедници во државата. Предизвикувачите на овие вредности ќе останат во темниот дел на историјата на оваа земја, велат од партијата од Мала Речица преку соопштение.

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски вчера информира дека до Град Скопје, поднел барање за враќање на старите имиња на улиците.

-Целосната ингеренција за враќање на старите имиња ја има Градоначалникот на Град Скопје и Советот на Град Скопје. До мене како градоначалник и до Општина Бутел изминатиот период пристигнаа голем број на иницијативи од граѓани. Барањата на граѓаните се и мои барања. Во минатото од страна на поранешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов и Советот на Град Скопје беше донесена одлука за промена на улиците. Своеволно без никаква консултација со граѓаните за свој личен интерес беше донесена таа одлука, напиша Костовски на Фејсбук.

Слични содржини