Дурант влезе во бизнисот со марихуана, иако НБА го забранува тоа

од Vladimir Zorba

Кевин Дурант, ѕвездата на Бруклин Нетс, одлучи да влезе во нов бизнис со „Видмапс“, кој продава канабис, и сака да ја дестигамизира употребата на марихуана кај спортистите.

Тој самиот беше сведок на придобивките од марихуаната, па одлучи да се занимава со бизнис со канабис.

„Мислам дека одамна помина да се стигматизира некого поради канабисот што се уште постои во глобалните спортови. Ова партнерство ќе ни помогне да ги нормализираме тие разговори, но и да создадеме содржина, настани и многу повеќе преку оваа медиумска мрежа. Ова е само почеток“, објави Дурант.

Дурант одби да потврди дека и самиот користел марихуана.

Оваа супстанца е забранета од НБА лигата, но постои во таканаречената сива зона. Правилата на лигата бараат четири случајни тестови во текот на годината, но тие се прекинати откако лигата беше прекината, а потоа продолжија во „балонот“ во Орландо.

Табо Сефалоша е последниот суспендиран играч поради оваа супстанца во 2018 година.

„Се борев да ги сменам правилата. Тоа е нешто со што лигата требаше да се занимава одамна. Разбирам дека лигата не сака да го промовира тоа. Јас не сум некој што промовира марихуана и не би ги охрабрил децата да го прават тоа. Не сакам да испратам погрешна порака. Но, добро е што е замена за потешки дроги, можеби и оние што би ви ги дал клупскиот лекар и алкохол, тоа го научив од мојот пример“, рече Сефалоша.

Слични содржини