Две лица од Скопје ќе одговараат кривично поради обид за убиство од лани

од Stefanija Kuzmanovska

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.С.(32) и М.И.(52), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

„На 02.08.2023, М.И. со нож му нанел убодна рана на И.С.(28), по што Н.С. со огнено оружје пукал кон второпријавениот и кон малолетник и им нанел прострелни рани“, соопшти МВР.

Слични содржини