Една година од убиството на Џорџ Флојд

од Stefanija Kuzmanovska

Полициското убиство врз Афроамериканецот Џорџ Флојд пред една година предизвика протести ширум САД и ширум светот против полициската бруталност, но и расна неправда. Сепак, иако тоа, како и другите убиства на црнци, ја подигна свеста за расната неправда, останува прашањето колку ќе се променат работите, додека дебатата за полициските реформи продолжува во САД, пишуваат светските медиуми.

Флојд (46) беше обичен човек, татко, син и брат, кој со болното убиство под коленото на полицаец во Минеаполис беше претворен во симбол на ранливоста на црните Американци изложени на расизам, пишува „Фајненшл тајмс“.

Видеото од инцидентот на убиството на Флојд предизвика протести ширум светот, додека милиони ширум Соединетите држави го следеа преносот во живо на судењето на Дерек Шовин, кого поротата го прогласи за виновен за убиството во април.

Слични содржини