Егзоскелети за помош на децата со церебрална парализа во одењето

од desk2

Тим истражувачи од САД направија роботски егзоскелет кој на голем број деца со церебрална парализа може да им помогне во одењето. Истражувачите покажаа дека егзоскелетот, кој повеќе изгледа како костим на суперхерој, сигугрен е и децата добро го поднесуваат.

Докажаа дека се подобрува и одењето со егзоскелет кај децата кои го користеле подолго време.

„Нашиот егзоскелет пружа помош при исправено држење, но бара и лицето само да ги контролира своите мускули и стабилност. Децата со церебрална парализа имаат телесна неспособност која трае цел живот поради што константно мора да се следат и да работат за да го одржат функционирањето на својата моторика“, вели Дијана Дамјано, шеф на Одделот за функционална и применета биотехника во Одделот за рехабилитација на медицинскиот клинички центар и соавтор на студијата.

Студијата опфатила седум деца со церебрална парализа на возраст од 5 до 19 години, а секое дете имало потешкотии при одењето затоа што колената им биле премногу свиткани. Во период од осум до 12 седмици, секое дете е тестирано на егзоскелет и практицирало одење со технологија на под и на лента за трчање. Децата шест пати ги посетувале истражувачите, а секоја посета траела неколку часа од кои 30 минути до 1 час оделе по тло. Истражувачите откриле дека егзоскелетот го намалил навалувањето со промена на положбата на телото и помогнало во продолжување на колената. Шест деца покажале подобрување во држењето и одењето.

Церебралната парализа е предизвикана од абнормален развој во делот на мозокот кој го контролира движењето. Иако не постои лек за излекување, лековите и хирургијата може да ги подобрат моторичките способности.

Слични содржини