Експерт на СЗО ги повика САД да ги споделат сите податоци за потеклото на корона

од Stefanija Kuzmanovska

Здравствен експерт поврзан со Светската здравствена организација (СЗО) ги повика Соединетите држави да ги споделат сите податоци за потеклото на епидемијата на коронавирусот со СЗО и научната заедница.

Американскиот весник „Волстрит журнал“ минатата недела објави, повикувајќи се на американски разузнавачки агенции, дека тројца неименувани членови на персоналот на лабораторијата во кинескиот град Вухан имале симптоми на ковид во ноември 2019 година и дека биле толку болни што морале да одат во болница, пренесува британски „Гардијан“.

Шефовите на разузнавачките служби на САД подоцна истакнаа дека не знаат како првично се пренесува вирусот, но дека тие имаат две теории: или дека тој доаѓа природно од контакт на луѓето со заразени животни, или станува збор за лабораториски инцидент.

Д-р Дејв Фишер, претседател на мрежата за глобално предупредување и реакција координирана од СЗО, изјави за радио Би-Би-Си дека теоријата дека вирусот е „направен“ во лабораторија „не е тргната од маса“, туку останува „неиспитана“.

Фишер ги повика Соединетите држави да ги споделат сите разузнавачки информации кои ги имаат.

Слични содржини