Експерт пред судот тврди дека Деп излажал за тоа како го повредил прстот

од Stefanija Kuzmanovska

Холивудскиот актер Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд со недели се тужат и ги изнесуваат пикантериите од заедничкиот живот.

Големо внимание привлече и инцидентот за кој многу се зборуваше, а во кој Деп останал без дел од прстот.

Имено, според него, тоа се случило во 2015 година откако при расправија Амбер фрлила стаклено шише, а стаклото му отсекло дел од прстот. Од друга страна, таа тврди дека актерот сам си ја нанел повредата.

Ортопедскиот хирург Ричард Мур, специјалист за хирургија на раце, сега сведочеше пред судот, тврдејќи дека повредите на Деп не биле предизвикани од удар со стакло.

„Медицинската документација што ја прегледав не содржеше никакви информации за парчиња стакло што би останале во раната, доколку била предизвикана од удирање со шише. Нема други поврзани повреди на раката што би ги очекувале во ваков случај“, рече Мур.

„Во мојата 25-годишна кариера стотици пати сум оперирала повреди како оние на Деп. Фотографиите и медицинските податоци укажуваат дека повредата не настанала од удар со стаклено шише“, тврди докторот.

Слични содржини