ЕЛИКСИР НА МЛАДОСТА! 5 видови намирници кои го забавуваат стареењето

од Stefanija Kuzmanovska

Стареењето е процес што дефинитивно не може да се запре, но тоа не значи дека не може да се забави. Начинот на кој живеете и се грижите за себе многу придонесува за брзината на стареење.

Изборот на соодветни намирници сигурно ќе ви помогне да го одложите покажувањето на возраста на лицето и телото.

– Секојдневно сме опкружени со голем број фактори кои го забрзуваат нашето стареење, без воопшто да бидеме свесни за тоа. Овие фактори не влијаат само на тоа како изгледаме, туку и на тоа дали сме здрави и како се чувствуваме – вели нутриционистката Наташа Ѓукиќ и открива кои намирници ќе ви помогнат подолго да изгледате помлади и да останете витални, пренесува „Република.рс“.

Јадете храна која ги ублажува последиците на стресот

Овошјето, зеленчукот и мешунките содржат витамини, антиоксиданти и растителни влакна неопходни за забавување на стареењето на кожата. Во исто време, тие ги намалуваат дегенеративните ефекти на штетните слободни радикали и стресот што го среќаваме во секојдневниот живот.

Антиоксидансите се многу важни

Антиоксидансите вклучуваат ликопен, глутатион, флавоноиди и бета каротен (провитамин А), а исто така може да се најдат во моркови, домати и какао. Тие помагаат во забавување на оксидативниот стрес, главниот виновник за раните знаци на стареење.

Храната богата со сулфур ги исфрла токсините

Овој вид храна му помага на телото да го зголеми производството на глутатион, моќен антиоксиданс. Сулфурот во храната ги „исфрла“ токсините од телото, го стабилизира крвниот притисок и спречува инфекции. Од храна богата со сулфур, изберете брокула, зелка, кељ, ротквица и карфиол.

Витаминот Ц е закон

Витамин кој ни помага да спречиме настинка и грип, но исто така помага во ублажување на нивните симптоми кога ќе се разболите. Се користи во производството на колаген, најмногу се наоѓа во агруми, но може да го земете и доколку јадете црвени и жолти пиперки, кељ, зелка, јагоди или ананас.

Омега-3 масните киселини го чувуваат здравјето

Намирници кои содржат омега-3 масни киселини го зачувуваат здравјето на кардиоваскуларниот систем. Масни риби како сардини, скуша и лосос се најдобри извори на омега-3 киселини. Тие се исто така полни со витамин Е, кој е моќен антиоксиданс и промовира заздравување на кожата – вели нутриционистот.

Слични содржини