ЕМА ДОНЕСЕ ЗАКЛУЧОК: Вакцината на „АстраЗенека“ е безбедна и ефикасна

од Stefanija Kuzmanovska

Вакцината на „АстраЗенека“ е безбедна и ефикасна и не е поврзана со зголемен ризик од згрутчување на крвта, објави денеска Европската агенција за лекови (ЕМА) по денешниот вонреден состанок.

Шефот на ЕМА, Емер Кук рече дека употребата на вакцините на „АстраЗенека“ ги надминува ризиците  кои може да ги донесе инфекцијата.

– Донесовме заклучок. Ова е безбедна и ефикасна вакцина. Не е поврзана со згрутчување на крвта. Препорачуваме можните несакани ефекти да бидат појасно истакнати, а ќе започнеме дополнителни истраги за овие ретки случаи – рече Кук.

– Меѓутоа, не можеме целосно да ја отпишеме можната врска. Она што го препорачуваме е подигање на свеста за можна врска. Ќе започнеме подетална истрага – беше речено на конференцијата по состанокот.

Да потсетиме, Комитетот за безбедност на ЕМА презеде детална проценка на малиот број случаи поврзани со појава на згрутчување на крвта кои се случиле кај лица кои претходно примиле вакцина на „АстраЗенека“.

Слични содржини