Емотивен гест на охриѓани: Вработените од Центарот за јавно здравје им аплаудираа на граѓаните за поддршката и издржливоста (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Медицинскиот персонал од Центарот за јавно здравје Охрид, од почетокот на кризата со коронавирусот Ковид 19, постојано е на работните места.

Од Центарот за јавно здравје апелираат до граѓаните на Охрид да останат дома и да ги почитуваат препораките, посочувајќи дека само така може да се спречи ширењето на пандемијата.

Се изолираме за да го победиме вирусот, сега имаме локална трансмисија, што значи опасноста е поголема и затоа треба да бидеме внимателни. – велат од Центарот за јавно здравје.

Во знак на благодарност за поддршката што ја искажуваат на здравственте разботници во борбата со коронавирусот, медицинскиот персонал од Центарот за јавно здравје им аплаудираше на граѓаните на Охрид кои се дисциплинирани и седат дома.

 

Слични содржини