Епидемија на грип во Бугарија, повеќе од 100 илјади заболени, повеќе од 400 училишта не работат

од desk2

Се очекува епидемијата на грип, врвот да го достигне следната недела, изјави професорот Тодор Кантарџиев, директор на бугарскиот Национален центар за инфективни и паразитни заболувања, за бугарската агенција „Фокус“.

„Во моментов заболени се околу 100.000. Минатата година имавме неколку недели кога бројката на пациенти беше над 200 или 400.000“, додаде професорот.

Кантарџиев вели дека засега преовладува т.н. свински грип – H1. Тој истакнува дека на свинскиот грип најподложни се децата и работоспособните лица.

„Во моментов, децата се најмногу изложени на ризикот од грип, но треба да се има на ум дека тие, исто така, страдаат и од други вирусни инфекции карактеристични за сезоната. Пред две недели масовно се распространи респираторниот вирус, кој е најопасен за малите деца до 5 години и за постарите лица. Исто така, многу случаи на Бока во моментов се докажани“, рече професорот.

Распустот за учениците е продолжен во Пловдив, Бургас, Варна, Стара Загора, Разград, Смољан и други градови во земјата. Вкупно 400 училишта не одржуваат настава поради грипот, потврди бугарското МОН. Не работат и голем број градинки. Експертите велат дека епидемијата ќе почне да се нормализира околу втората недела од февруари.

Слични содржини