Епидемиолошката крива спласнува, најмногу активни случаи по Скопје има Куманово

од Берта Китинска

Според податоците на министерството за здравство во моментов најмногу активни случаи има во Скопје, а по него следува Куманово и Битола.

Скопје 66635, активни 7267
Куманово 8372, активни 1111
Прилеп 8098, активни 807
Тетово 7040, активни 591
Битола 6034, активни 1060

Министерот за здравство информира дека полека спласнува бројот на заболени,

-Епидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови. Бројката на примени пациенти во ковид центрите во Скопје и низ државата е се помала и се зголемува бројот на испишани пациенти на дневно ниво. Епидемиолошката состојба се смирува, но останува да се почитуваат мерките за заштита.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.672, бројката на оздравени пациенти е 129.909, на починати е 4.714, а бројот на активни случаи изнесува 16.049.

Слични содржини