Ердоган денес ќе ја прими кинеската вакцина

од Stefanija Kuzmanovska

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе биде вакциниран против коронавирусот во живо на телевизија подоцна во текот на денот, потврди портпаролот на неговата Партија на правдата и развојот.

Тој тоа го прави со цел да ги отстрани сите сомнежи за ефективноста на кинеската вакцина што оваа земја ја користи во својата национална програма за имунизација.

„Претседателот Ердоган ќе ја прими вакцината пред телевизиските камери во живо, по состаноците со претставници на АКП“, објави портпаролот Омер Челик денес на прес-конференција во Анкара, пренесува британски „Гардијан“.

Турција денес ја започна својата програма за вакцинација против ковид 19 и според планот, прво ќе ги вакцинира здравствените работници во болниците низ целата земја.

Слични содржини